Шпански „АС“ тврди: Роналдо е во преговори со ПСЖ!

Шпанскиот медиум „АС“ објави дека претставници на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо почнал преговори со францускиот вицешампион ПСЖ за потенцијален ангажман на Португалецот.

Договорот на Роналдо завршува во 2022 година, а според италијанските медиуми Масимилијано Алегри се согласил да го продаде Португалецот.

Една од причините поради таквата одлука на Јувентус е годишната плата на Роналдо, која изнесува околу 31 милион евра годишно.

„АС“ тврди дека почнале преговорите меѓу Жорж Мендеш и ПСЖ, додека официјални преговори меѓу тимовите засега нема.

Според шпанските медиум, ПСЖ не е единствениот тим кој е заинтересиран за услугите на португалската ѕвезда, зашто во трката може да се вклучи и Манчестер јунајтед.

Од друга страна, „Тутоспорт“ објави дека Јувентус би сакал размена во која за Роналдо би го добиле Пол Погба и Дони Ван де Бек од Манчестер.