Шпански новинар тврди: Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид?!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Кристијано Роналдо синоќа го следеше мечот меѓу Реал Мадрид и Барселона на „Сантијаго Бернабеу“. Португалецот во 2018 година го напушти шпанскиот тим и потпиша за Јувентус, но очигледно уште е поврзан со „кралевите“.

Винисиус Жуниор откри дека Роналдо дури на полувремето влегол во соблекувалната на Реал за да им даде поддршка, по што се огласи и шпанскиот новинар Еду Агире, кој тврди дека разговарал со Португалецот.

Агире објави дека Роналдо бил среќен што успеал да дојде на „Сантијаго Бернабеу“ и го следел Реал, па наводно му кажал дека има желба да се врати во шпанскиот гигант.

„Знам дека Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид и тоа ми го призна. Беше возбуден кога синоќа стигна на стадионот и воодушевен е од тоа како го пречекале навивачите“, вели Агире.