Што ќе се случи со Мбапе по трансферот на Коло Муани во ПСЖ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот гигант ПСЖ во последните часови од преодниот рок го ангажира Рандал Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт за 95 милиони евра.

„РМЦ Спорт“ неодамна објави дека трансферот на Коло Муани би значел крај на Килијан Мбапе во екипата од Париз.

Мбапе неодамна искажа незадоволство и не сакаше да потпише нов договор со гигантот, по што беше суспендиран, но по разговорот со Насер Ал-Келаифи се врати во првиот тим.

Реал Мадрид трпеливо го чека Мбапе до следното лето, кога францускиот голгетер повторно ќе биде главна тема затоа што му завршува договорот со парижаните.

Коло Муани дотогаш треба да стане лидер во нападот на екипата на Луис Енрике и да го замени Мбапе во иднина.