Што некогаш се работело во соблекувалната на Реал?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Топ вести од соблекувалната на Реал, стари десет години, испливаа неодамна во јавноста.

Досега непознати детали од животот и работата во најголемиот клуб на светот на новинарите откри бразилскиот ветеран Синињо (36), кој меѓу Кралевите помина две сезони и памети многу поединости.

Познатиот десен бек, кој после Мадрид пет години беше играч на Рома, ги обвини тогашните староседелци дека формирале кланови и дека манипулирале.

“Еден Ден, во соблекувалната се дојде до идеја да се гласа за трет капитен. Прв лентата ја носеше Раул, втор беше Касиљас, но тој се откажа од капитенството за Салгадо да може да игра. Во тој момент нивната група е формирана. Хулио Баптиста ми рече дека се било средено за така да испадне“, се потсети Бразилецот.