Што прокоментира Меси по болниот пораз за тренерот Валверде?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа е поразена од Атлетико со 3:2 и остана без финале во шпанскиот Суперкуп.

Иако до 81. минута имаа водство од 2:1, Барселона доживеа пораз, а Лионел Меси не може да биде среќен по мечот.

“Посакувавме да го освоиме трофејот, но беше тешко. Не успеавме, мораме да продолжиме понатаму”, порачува Меси, па кратко ги прокоментира гласините за можното заминување на тренерот Ернесто Валверде.

“Валверде? Имам целосна доверба во него. Продолжуваме со работа и сакаме да станеме подобри. Имавме фантастичен натпревар, но не можевме да победиме. Тимот има на што да работи”.

“Критики? Луѓето гледаат дека не играме како што тие сакаат. Поради тоа мораме да бидеме обединети како никогаш досега. Мораме да се подобруваме”, заклучува Аргентинецот.

Ова е прв пат под водство на Диего Симеоне Атлетико да постигне три гола против Барселона, а Јорганџиите во финалето ќе ги чека дуел со градскиот ривал Реал.