Што Реал вети на Мората?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанецот практично беше пред вратите на Челси, но го убедија да остане!

Алваро Мората ги договори своите услови со Челси, Сините беа спремни да платат 60 милиони евра, но на крајот Шпанецот остана во клубот во кој потекна.

Да потсетиме, во ова лето Реал ја плати на Реал Мадрид клаузулата од 30 милиони и го врати играчот во клубот.

Во Италија Мората експлоадираше во првата сезона, со своите голови донесе на Јувентус финале во ЛШ, но во минатата сезона, иако го реши финалето на купот, не беше стандарден, предност имаа Манџукиќ и Дибала.

Јавна тајна е дека Мората не беше во добри односи со Алегри кој често го критикуваше дека повеќе води сметка за стајлингот отколку за играта, и му замери дека е малкудушен во некои ситуации.

Кога Реал ја активираше клаузулата, Зидан сеуште не беше сигурен во Мората кој отиде на ЕП, даде три гола за Шпанците и иако се елиминирани од Италијанците, остави солиден впечаток.

„Марка“ открива ека Зидан го повикал Мората, му ветил шанса и дека тоа пресудило за Мората да остане, иако Челси му нудеше огромни пари. Тој разговор траел две минути „ново „лице в лице, Мората и Зидан ќе чекаме во наредната недела кога Шпанецот ќе ги помине лекарските и ќе отпатува во Монреал, ќе се придружи со тимот на американската турнеја.

Тој сигурно после повредата на Роналдо ќе биде стандарден во првиот месец на сезоната, ќе видиме како ситуацијата ќе се развива, а се што напаѓачот бараше е шанса да се бори за место во тимот со триото ББС.

Веројатно ќе се менува со Бензема во нападот, во случај ако Французинот остане во клубот.