Што се случува со ракометната сезона во Данска?

На почетокот на април, одборот за професионален ракомет во Данска донесе одлука за крај на ракометните натпреварувања.

Во тоа време Данска беше единствената земја во која беа најавени шампиони, но и екипите што ќе ги напуштат лигите.

На одлуката беше поднесена жалба од Алборг, Нордсјеланд и Оддер Хендбол, три екипи кои требаше да ја напуштат лигата според моменталниот пласман.

Апелациониот суд во ракомет го разгледа случајот и го поништи решението на Стручниот ракометен комитет за прекинување на тековната ракометна сезона во Данска.

„Одлуката на Стручниот ракометен одбор од 7. април 2020. година е укината“, стои во решението на Апелациониот суд.

Следниот чекор е нова средба на Стручниот ракометен комитет, а прашање е дали ракометот во Данска може да има продолжение.