Што се случува во Реал Мадрид: Рамос го напушта клубот, позната неговата следна дестинација?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос никогаш не бил поблиску до заминување од Реал Мадрид. Тој е разочаран со односот на клубот кон него, иако во екипата пристигна во 2005 година.

Договорот на Рамос со Реал Мадрид завршува следната година, а иако почнаа преговорите за нова соработка, тие засега не водат никаде.

Фудбалерот бара договор на две години, додека управата не сака да направи исклучок и му нуди соработка само на една година.

„Кралевите“ се свесни дека ќе има 35 години, кога ќе му заврши договорот, па не сакаат да му дадат двегодишна соработка токму поради таа причина.

Доколку не му ја исполнат желбата, Рамос ќе замине од клубот и најверојатно ќе се пресели во Интер Мајами.