Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот автомобилист Нико Хулкенберг кажа дека сè уште не е јасно дали ќе вози за екипата на Хас во следната сезона на Формула 1.
Хулкенберг во моментов е резервен возач на Астон Мартин, кој на тоа место реши да го ангажира Штофел Вандорн за следната сезона.
Сите возачки седишта за следната сезона се пополнети, освен тоа во Хас каде што не е познато кој ќе му биде колега на Кевин Магнусен следната сезона.
„Договор сè уште не е постигнат, разговорите со Хас ќе продолжат во следниот период. Оптимист сум, но нема да откривам детали додека не ја дознаам одлуката“, кажа Хулкенберг.
Доколку Хас постигне договор со Хулкенберг, тоа значи дека Мик Шумахер го губи местото откако раководството на тимот претходно кажа дека не е задоволно со младиот возач.