Шумахер преживеа, а сега доаѓа документарецот: Откриено што прави Корина за својот сопруг!

Поминаа речиси осум години од трагичната несреќа на Михаел Шумахер на скијање, кога неговиот живот беше во опасност, но успеа да преживее и сега во документарен филм на 15 септември се очекува да бидат откриени повеќе детали.

На „Нетфликс“ ќе биде објавен документарниот филм за животот на Шумахер, а пред неговата премиера беа откриени тајни детали.

Шумахер на крајот на 2013 година доживеа несреќа на скијање од која уште се рехабилитира, а во документарниот филм зборувале неговиот најблиски членови на семејството.

„Ние сме заедно. Живееме заедно во нашиот дом. Заедно минуваме низ терапиите. Правиме што можеме за на Михаел да му биде подобро и сигурни сме дека му е удобно. Без оглед на тоа што ќе се случува, ние  ќе се трудиме да му биде подобро“, кажа Корина.