Швајцарците отворија истрага против Џани Инфантино


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Швајцарското обвинителство отвори официјална истрага проади криминалниработи на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Инфантино се товари за непознати криминални работи со швајцарскиот државен обвинител Михаел Лаубер против кој исто така е отворена истрага.

„Лаубер минатата недела поднесе оставка откако на суд е утвдено дека лажеше за средбата со Инфантино во моментот додека неговата канцеларија истражувала корупција во ФИФА. Лаубер и Инфантино одбија вмешаност во криминалните работи“ –тврди Ројтерс.

Џани Инфантино е на чело на ФИФА уште од 2015 година кога го замени дотогашниот претседател, Сеп Блатер.