Швајцарија со еден гол го „нокаутира“ цврстиот Камерун (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во одличен натпревар славеше Швајцарија со 1-0 против Камерун и направи чекор напред кон пласман во нокаут-фазата на Светското првенство (СП).

Човекот кој го реши натпреварот е Камерунецот Брел Емболо, кој всушност го носи дресот на Швајцарија и не сакаше да го прослави голот за победа на неговата селекција.

Во групата на Швајцарија и Камерун се уште и Србија и Бразил кои играат меѓусебе вечерва од 20 часот.