Швајцарскиот модел на Лигата на шампиони ќе почне порано од планираното?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европската фудбалска унија (УЕФА) објави вчера дека новиот систем на натпреварување во Лигата на шампиони (ЛШ) ќе почне од 2024/25, а според него ќе играат 36 клубови.

УЕФА објасни дека така тимовите ќе играат повеќе натпревари и дека нема да играат двапати против ист противник во групната фаза.

„Од сезоната 2024/25 во натпреварувањето ќе има 36 клубови. Ова ќе создаде можност уште четири тима да се натпреваруваат против најдобрите клубови во Европа“, соопшти УЕФА.

„Блумберг“ објави дека УЕФА е во преговори со еден инвестициски фонд, кој ќе помогне во зголемувањето на наградите за тимовите во ЛШ.

Иако проектот беше предвиден од 2024, сепак „Газета дело Спорт“ тврди дека моделот ќе почне многу поради поради проблемите кои се создадоа со најавата на Суперлига.