Си ги сменија улогите: Рамос има подобра статистика од Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона има катастрофален старт во шпанската Ла Лига, додека Реал Мадрид има падови, но засега се држи високо на табелата. Сепак, стартот на сезоната ја одбележа и чудна статистика или подобро кажано – невообичаена.

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос има постигнато повеќе голови од ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, од стартот на сезоната.

Шпанскиот дефанзивец постигна два погодоци, додека Меси во листата на стрелци се запиша само еднаш.

Исто така, Рамос има помалку жолти картони од Аргентинецот, односно Шпанецот има еден жолт картон, додека Меси има два досега.

Навистина интересна статистика за стартот на сезоната, па останува да видиме што ќе се случува во продолжение на Ла Лига.