Силесен се изнервира: Ми кажаа дека сум прв голман, па ме избришаа од репрезентацијата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот Јаспер Силесен беше нервозен поради одлуката на селекторот на Холандија, Франк де Бур да го избрише од списокот на играчи кои ќе настапат на Европското првенство (ЕП).

Силесен имаше позитивен тест пред да замине на тренинг-кампот, по што селекторот најави дека голманот ќе им се приклучи пред заминување на ЕП, но сепак ја промени одлуката.

„На објавениот поширок список јас се уште бев прв голман, а Де Бур знаеше дека имам корона. Пред заминувањето во Португалија ми кажа дека ќе се приклучам штом ќе добијам негативен тест. Не знам што се смени да ја промени одлуката, немам ниту образложение, не ми даде никаков одговор. Само ми се јави и ми соопшти, никогаш не сум се чувствувал повеќе беспомошен, гневен и очаен како сега“, кажа Силенсен.

Холандија е една од репрезентациите која ќе се соочи против Македонија на ЕП, а во групата се уште и Австрија и Украина.