Силва: Пикси покажа непочит кон Бразил и тоа нè мотивираше!


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва кажа дека српскиот селектор, Драган Стојковиќ – Пикси покажал непочит кон „кариоките“.

Пикси го пофали нападот на Бразил, но не и одбраната, меѓутоа 38-годишниот командант во дефанзивата му покажа на српскиот селектор дека згрешил.

Силва игра во одлична форма за Бразил, но и за премиерлигашот Челси, па по натпреварот со Србија имаше што да му каже на Пикси.

„Слушнав дека Пикси пред мечот кажал дека Бразил има одлични напаѓачи, но нема добри дефанзивци. Тоа е непочит кон Бразил. Не бараме некој да се плаши од нас, но треба да има почит. Неговите зборови нè мотивираа“, вели Силва.