Силвер откри кога ќе почне новата сезона во НБА-лигата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Оваа сезона во НБА-лигата е при самиот крај, а многумина го поставуваат прашањето кога би почнала новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот.

Одговор на таквото прашање даде Адам Силвер, комесарот на НБА-лигата, кој ги разочара сите што очекуваа сезоната да почне во декември.

„Јас мислам дека не е возможно да почне сезоната во декември годинава, туку тоа ќе се случи во 2021. Се надеваме дека ќе успееме да ги вратиме навивачите во сала. Целта е да се играат и по 82 меча во регуларниот дел од сезоната и плејофот“, кажа Силвер.

Да потсетиме, во финалето на Западот во моментов се борат Лос Анџелес Лејкерс и Денвер нагетс, додека на Истокот се Мајами хит и Бостон селтикс.