Симеоне: Го почитуваме Реал Мадрид, но шпалир нема да добијат!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вечерва во рамки на 35. коло од шпанската Ла Лига се игра дербито во Мадрид меѓу Атлетико и Реал, а „кралевите“ веќе ја обезбедија титулата и по традиција треба да добијат шпалир од противникот, но тоа вечерва нема да се случи.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне кажа дека нема да им направат шпалир на нивните ривали вечерва на „Ванда Метрополитано“.

„Не знам дали тоа го прават во другите првенства во светот. Шпанија има почесен шпалир за ривалите, но такво нешто не постои од каде што доаѓам јас. Живееме поинаку. Имам почит кон Реал, но уште повеќе за нашите фанови“, кажа Симеоне.

Да потсетиме, Барселона синоќа им приреди шпалир на фудбалерите на Бетис, кои го освоија шпанскиот Куп.