Симеоне: Не го напуштам Атлетико додека не ја освоиме ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид имаше шанса да го совлада Баер Леверкузен и да остане во битка за Лига на шампиони (ЛШ), но шпанскиот тим промаши пенал.

Несреќник е Караско кој прво го промаши пеналот, а потоа еден удар заврши во него и така го спаси противничкиот гол.

По неуспехот во ЛШ почнаа шпекулациите дека ќе си замине Диего Симеоне, но тренерот на Атлетико не мисли да се повлече.

„Ова е тежок момент за сите во тимот. Но, не се откажувам. Додека не ја освојам ЛШ нема да го напуштам клубот“, вели Симеоне.

Атлетико досега играше двапати во финале на ЛШ и двапати загуби од Реал Мадрид.