Симеоне по дебаклот на Атлетико: Секогаш може да биде полошо…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Атлетико Мадрид оваа сезона игра ужасно и остана без европска пролет, откако го освои последното место во групната фаза од Лигата на шампиони.

Диего Симеоне се соочува со отказ, според шпанските медиуми, иако тој тврди дека секогаш може да биде полошо од оваа ситуација во која се наоаѓаат во моментов.

„Секогаш може полошо. Ние мора да разбереме каде згрешивме. Единствен излез од оваа ситуација е да останеме сложни. Сите во клубот, и фудбалерите и раководстовот. Мора да останеме заедно“, кажа Симеоне.

Атлетико во ЛШ врза и пет натпревари без победа, што е навистина загрижувачки за екипата од Мадрид.