Симеоне си оди од Атлетико Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот тренер Диего Симеоне најверојатно ќе го напушти Атлетико Мадрид на крајот на сезоната затоа што раководството не е задоволно од неговите резултати во изминатиот период.

Симеоне оваа сезона испадна од Лигата на шампиони (ЛШ), а не е ниту блиску до борбата за титулата во Ла Лига и тоа ќе му „пресуди“ на крајот на сезоната.

Иако е најплатен тренер во Шпанија, односно заработува повеќе од Анчелоти во Реал Мадрид и Чави во Барселона, сепак резултатите повеќе не можат да го задржат на чело на Атлетико.

Симеоне го тренира Атлетико од 2011 година, а шпанските медиуми пишуваат дека во Мадрид сметаат дека е време за промена.