Симоновски си замина од Иран и потпиша за француски второлигаш


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Марко Симоновски вчера потпиша за францускиот второлигаш Мориен, откако го напушти Иран.

Симоновски, кој беше дел од легендарната генерација која заврши четврта на Евробаскетот во 2011 година, се пресели во Иран, иако сезоната ја почна во Кожув, но таму не настапуваше долго.

Репрезентативецот на Македонија го напушти тимот на Кан Кузестан, па во францускиот второлигаш ќе игра со Чаз Вилијамс со кој неодамна соработуваше во Гевгелија.

Симоновски е големо засилување за Мориен, кој се бори за плејоф за влез во првата лига, а во моментов се на добар пат да го изборат.