Синер го испрати Гаске во пензија

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер се пласираше во третото коло на Роланд Гарос.

Италијанецот во второто коло од гренд слемот во Париз го совлада домашниот тенисер Ришар Гаске и го испрати во пензија.

Синер победи со максимални 3:0, по сетови 6:3, 6:0, 6:4, а мечот траеше час и 59 минути игра.

Така беше завршена богатата кариера на 38-годишниот Гаске, кој беше препознатлив по еднорачниот бекхенд и своевремено беше седми тенисер во светот, а има освоено 16 АТП титули. Неговите најголеми успеси на гренд слемовите се полуфиналињата на Вимблдон и САД опен.

Синер во третото коло ќе игра против Чехот Јиржи Лехечка.

Понатаму помина и третиот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев.

Тој со 3:1, по сетови 3:6, 6:1, 6:2, 6:3, го совлада Холанѓанецот Јеспер де Јонг.

Фото: Grok AI