Синер ја „отвори душата“: Бев на прагот на депресија!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Јаник Синер се соочува со долга суспензија поради неговите позитивни допинг-тестови.

Синер неколку пати повтори дека е невин, но Светската анти-допинг агенција (ВАДА) бара суспензија за тенисерот.

„Не знам дали треба да докажувам некому, но јас живеев во пекол. Бев на прагот на депресија. Се борев со тешки моменти затоа што знам дека не сум виновен. Ова не е ситуација во која сакам да бидам, сакам да се потсетам дека ништо лошо не направив“, кажа Синер.