Синер му се закани на Ѓоковиќ и најави напад на нови титули!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Јаник Синер во 2024 година загуби само еднаш, а тоа му помогна да скокне до второто место на АТП-листата.

Синер во пресрет на новите возбудувања во Монте Карло кажа дека има високи амбиции за својата иднина.

„Среќен сум на второто место, но тоа не е моја цел. Сакам да ги освојувам најголемите турнири и да се искачам на врвот. Имам само 22 години и можам да растам и да напредувам“, кажа Синер.