Синер се пласира во финале на УС-опен и му помогна на Ѓоковиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше против Данил Медведев и се пласира во финалето на УС-опен, а оваа победа му помогна и на Новак Ѓоковиќ.

Србинот беше елиминиран уште на стартот на УС-опен и доколку Медведев славеше во дуелот против Синер, Русинот ќе ја преземеше четвртата позиција.

Синер, сепак, славеше против рускиот тенисер и му помогна на Ѓоковиќ кој во следниот период ќе има тешка задача да го задржи четвртото место поради тоа што брани 2.300 бодови, додека Медведев брани само 1.055 поени.