Синер со порака до Ѓоковиќ: Ти си голема инспирација за сите!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ го совлада Јаник Синер со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3 за да го освои завршниот турнир на АТП по седми пат во кариерата.

Синер му честиташе на Ѓоковиќ за победата и кажа дека Србинот е инспирација за останатите тенисери.

„Му честитам на Ѓоковиќ за сите освоени титули. Ти си голема инспирација за нас помладите. Честитки до твојот тим. Се надевам дека ќе бидам подобар во иднина и ќе се натпреварувам со најдобрите“, кажа Синер.