Синиша Михајловиќ доби големо засилување во Болоња


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од редовите на Болоња и официјално потврдија дека постигнале договор со искусниот, 32 годишен чилеански репрезентативец, Гери Медел.

Медел досега играше во тимот на Бешикташ каде помина две години, но по сопствена иницијатива побарал да си замине затоа што сакал да се врати во Италија.

Медел помина три сезони во редовите на Интер, а сега во Болоња пристигна за сума од 3 милиони евра потпишувајќи тригодишен договор до јуни, 2022 година.