Синиша Михајловиќ се врати на тренинг! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ успешно се рехабилитира по тешката борба со леукемијата. Стратегот на Болоња не мирува, па беше фотографиран во тренинг-центарот на клубот.

Михајловиќ овој пат не го водеше тренингот, туку сам тренираше и тоа по долго време.

„Кориере дело Спорт“ објави дека тој трчал околу еден час, кога во тренинг-центарот пристигнал директорот Рикардо Бињон.

Пред напуштањето на тренинг-центарот, тие двајца разговарале неколку минути.