„Сините“ славеа победа, Конте им спрема трансфер БОМБА!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси ја отворија новата сезона со победа над Вест Хем во првото коло од Премиер лигата, а менаџерот Антонио Конте во деновите кои следат навивачите може да ги израдува со трансфер бомба.

Новиот менаџер на Челси Антонио Конте ја запиша првата победа во ПЛ после што неговата екипа ја совлада Вест Хем во првото коло од англискиот шампионат.

Сезоната така за Сините почна на посакуваниот начин но далеку од тоа дека Антонио Конте е задоволен со играчкиот кадар со кој располага.

Пишувавме дека дека Батшуаји и Канте се изнудени купувања, односно замена за мените кои за Челси беа недостижни во тековниот преоден рок, но затоа наскоро може да одекна вистинска „бомба“.

Италијанскиот стручнак доби дополнителни 150 милиони евра до крајот ка летниот трансфер пазар, а шпанските медиуми јавуваат дека поголем дел од таа сума ќе биде потрошена на доведување на фудбалер на Реал Мадрид.

Приоритет на Антонио Конте до крајот на летниот преоден рок ќе биде ангажирање на Колумбиецот Хамес Родригез што потврди и самиот фудбалер во изјава за Марка.

Колумбиецот рече дека Реал Мадрид доби понуда во износ од 85 милиони евра но дека неговиот план е да остане на Бернабе и да се бори за место во тимот.

Се чини, значи, дека Челси до крајот на преодниот рок ќе има проблем да го убеди Родригез да се пресели на Стенфорд Бриџ поради тоа што е Реал Мадрид е спремен да го продаде Колумбиецот за сума од 90 милиони евра.

Да потсетиме дека во овие денови уште три имиња се доведени во врска со премин во Челси за што можевте да прочитате ОВДЕ, но извесно е дека Сините прво ќе атакуваат на потпис на Хамес Родригез и дека тој ќе биде приоритет до крајот на август.