Синот на аргентинскиот тренер најде клуб во Серија А


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синот на аргентинскиот тренер Диего Симеоне најде тим во Серија А.

Талентираниот Џовани Пабло Симеоне одлучи дека во 21-та година од животот ќе ја напушти Ривер Плата и Аргентина и ќе се проба во Европа, а неговиот нареден тим ќе биде Џенова.

Младиот Симеоне потпишал петгодишен договор со прволигашот на Италија, а дека ќе е засилување за овој клуб потврди хрватскиот тренер Иван Јуриќ кој ја презеде Џенова по сензационалната сезона во Кротоне со кој стигна до Серија А.

Џовани Пабло Симеоне за првиот тим на Ривер Плата играше уште од 2013-та година после тоа што ги помина младинските школи на аргентинскиот клуб.