Синот на Ѓоковиќ дебитираше на Вимблдон: Новак одигра поен и загуби од малиот Стефан! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Слободниот ден на третиот гренслем-турнир во сезоната, Вимблдон беше искористен за одмор кај дел од тенисерите, а Новак Ѓоковиќ реши да тренира со неговиот син Стефан.

Како што може да се забележи на видеото, кое се појави на Јутјуб, Стефан неколку пати се мачеше да го врати ударот на неговиот татко, но сепак успеа во тоа и на крајот го освои поенот.

Стефан одигра одличен лоб, кој Новак не можеше да го стигне, па поенот заслужено му припадна на детето.