Сите чекаат лето: Реал Мадрид ќе го направи најспектакуларниот трансфер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид игра очајно сезонава, иако негативата зад Барселона на табелата не е преголема, но јасно е дека клубот од главниот град на Шпанија мора да се засилува на лето.

„Кралевите“ се пред елиминација и од Лигата на шампиони, а во Ла Лига во моментов се на втората позиција со два бода помалку од Барселона.

Шпански „АС“ објави дека Реал Мадрид ќе прави промена во нападот. Тие сакаат да го продадат Лука Јовиќ за 60 милиони евра, колку што го купија минатото лето, а парите сакаат да ги инвестираат во трансфер на Ерлинг Халанд, кој игра неверојатно за Борусија Дортмунд.

Дортмунд го плати Халанд околу 20 милиони евра, а за само шест месеци подоцна може да го продадат за четири пати повеќе пари, односно 80 милиони евра.