Сите Германци бодат со нож во срцето на „Милионерите“: Фудбалерот на Манчестер Сити е следен на листата…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во изминатото „Дер Класикер“ дерби, Баварците ги демолираа „Милионерите“ со 5:0 со што повторно го зазедоа лидерското место во Бундеслигата.

Она што секако ги боли навивачите на Борусија е тоа што три од петте погодоци беа постигнати токму од некогашните „Милионери“ на Клоп, Хумелс и Левандовски.

Тој период се памети по доминацијата во Германија, но и по загубеното финале во Лигата на шампиони токму од страна на ривалите, стрелец во поразот од 1:2 за „Милионерите“ беше Илкај Гундоган.

Германецот мина три сезони на „Сигнал Идуна“ парк, а потоа се пресели во редовите на Манчестер Сити, но според информациите на англиски Скај Спорт и Мирор следи враќање во својата земја.

27-годишниот играч од редот за врска на теренот, судејќи по се нема да ја продолжи соработката со клубот од „Итхад“, претстојното лето можеби е и последна шанса, Англичаните да заработат нешто на него.

Како следна дестинација се споменува минхенски Баерн, па останува да видиме дали Гундоган, како и многумина пред него, ќе им забоде нож во срце на „Милионерите“.