Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тешко е да се изборите за позиција во нападот на Ливерпул каков што го знаеме.
Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино се напаѓачи од светска класа, па се чини дека тоа практично е невозможно.
Меѓутоа, така не мислеше Дивок Ориги кој на стартот од сезоната одби да премине во Вуверхемптон и успеа да го пронајде своето место во екипата.
Вистина е дека не играше многу, дури десет натпревари во Премиер лигата, но сите добро се чувствуваат по погодокот против Евертон, па Клоп одлучи Ориги да го награди со нов договор.
Германецот е задоволен со изданието на напаѓачот и подготвен е да му понуди нов, подобар договор, со оглед на тоа дека тековниот му истекува летото 2020. година.
Репрезентативецот на Белгија нема ништо против таквиот развој на ситуацијата, па наскоро на „Енфилд“ би можел да падне уште еден потпис.