Сите медиуми пишуваат дека Барса бара негова замена, а Суарез сега потпишува нов договор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако во многу медиуми се лицитира со имиња за можни наследници на Луис Суарез во Барселона, сепак сега стигнува поинаква вест.

Уругваецот кој има навистина импресивни бројки зад своето име во Барселона е подготвен да го продолжи договорот со Каталонците.

Најмногу се шпекулираше дека Лука Јовиќ или Антоан Гризман ќе пристигнат во Барса како замени за Суарез, но по најновите најави контроверзниот напаѓач ќе остане на „Камп Ноу“ уште некое време.

Луис Суарез во 240 натпревари колку што ги одигра за Барселона има постигнато вкупно 175 погодоци и веќе неколку сезони ги „решета“ мрежите на противничките тимови.