Сите се загрижија поради повредата на Рамос, а тој потоа им покажа дека е – ѕвер! ?

Реал Мадрид пред два дена соопшти дека Серхио Рамос ќе биде три недели надвор од терените поради повреда.

Рамос се повреди на мечот против Германија, па ќе ги пропушти следните неколку натпревари на шпанскиот шампион.

Меѓутоа, капитенот на „кралевите“ вчера ги изненади сите кога објави видео од теретана и покажа дека тренира со полн интензитет.

Многумина сметаат дека неговата рехабилитација ќе трае пократко од планираното. Исто така, ги замолче сите кои го критикуваа дека веќе е стар и ќе мора долго да паузира, откако им покажа дека е вистински ѕвер.