Сите си одат, само Солскјер – останува: Заминува човек кој одби шест понуди поради Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед набрзо би можел да се раздели со Џеси Лингард, кој има договор со премиерлигашот до крајот на сезоната, а уште од јануари би можел да преговара со останатите тимови.

Лингард можеше минатото лето да се пресели во друг тим по одличните настапи на позајмица во Вест хем, но реши да остане во Манчестер и да одбие шест понуди за да се избори за место кај Оле Гунар Солскјер.

Англичанецот е само еден од фудбалерите, кои норвешкиот тренер ги уништи оваа сезона, па затоа Лингард среќата ќе си ја бара на друго место.

„Чеканите“ ќе се обидат да го вратат Лингард уште во јануари во Лондон, но интерес за него има од Барселона, Милан и Атлетико Мадрид.