Сите скандали на Боатенг: Ја тепаше жена му, бившата девојка си го одзема животот, спиеше со љубовница..


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот фудбалер повторно е во центар на внимание на светската јавност, и тоа по пресудата која му беше изречена во четвртокот.

Боатенг повторно е во центар на скандал, а сега судот во Минхен го осуди за физичка повреда на неговата поранешна партнерка поради што ќе мора да плати 1,8 милиони евра.

Љубовниот живот на дефанзивецот често беше тема во медиумите, поради неговите турбулентни врски.

Прв пример е актуелната тема, а во главна улога е Шерин Сенлер, жена со која Боатенг беше во турбулентна врска од 2007 година, а потоа се раздели со неа.

Потоа има и трагична вест која ја погоди Германија во февруари, а тогаш беше откриено дека манекенката Касија Ленхарт си го одземала животот по караницата со фудбалерот.

Набрзо потоа, во медиумите се појави и Мелиса Хау, која откри дека Боатенг ја изневерувал Касија токму со неа.