Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Ливерпул со пресврт го победија Виљареал (3-2) и со вкупни 5-2 се пласираа во финале на Лигата на шампиони.
Првото полувреме беше ужасно за Ливерпул затоа што Виљареал по 45 минути водеше со 2-0, но потоа се случи голем пресврт на теренот.
Еден од најважните фудбалери на теренот беше Луис Дијаз, кој доби шанса од Јирген Клоп на полувреме и ја оправда довербата.
Дијаз одигра одлично второ полувреме и постигна еден гол, а притоа покажа дека Ливерпул направи одличен потег што го купи во јануари.
Во Ливерпул е веќе неколку месеци и уште сега е на праг да освои речиси сè што може со тимот, а колку му значеше пласманот во финале покажуваат фотографиите на кои може да се забележи дека плаче како мало дете.
Luis Diaz crying 😢
— SPORTbible (@sportbible) May 3, 2022
Just how much it means to him ♥️ pic.twitter.com/dMnBeaNVIK