Сите зборуваат за Ориги и Вајналдум, но Алисон е најголем јунак на Ливерпул (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер синоќа беше еден од јунаците на тимот од „Енфилд“. Иако Дивок Ориги и Вајналдум постигнаа  по два гола и му обезбедија на клубот пласман во финале, сепак бразилскиот голман имаше неверојатна ноќ.

Каталонците во текот на мечот имаа одлични шанси да постигнат гол, но чуварот на мрежата на Ливерпул, Алисон ги полуде фудбалерите на Барселона со своите одбрани.

Првата одлична шанса Барселона ја пропушти во 14. минута кога Лионел Меси испрати удар кон голот на Ливерпул, но Алисон успешно одбрани.

Само три минути подоцна Меси му додаде на Филипе Кутињо, кој испрати одличен удар, но Алисон повторно добро реагираше.

Пред самиот крај на првото полувреме голманот на Ливерпул повторно го спаси својот тим и тоа, откако Жорди Алба не искористи одлична шанса.

Во 51. минута Меси додаде до Луис Суарез, кој беше во прекрасна шанса, но Алисон и овојпат излезе како победник.

Конечно, Меси имаше уште една шанса да постигне гол во мрежата на Ливерпул, но и тој шут го одбрани Алисон.

Алисон во првиот меч прими три гола и сега сигурно сакаше да го поправи впечатокот, а тоа дефинитивно му успеа по синоќешниот настап.