Сити веќе го договори наслендикот на Лерој Сане


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Вчера излегоа информации дека Манчестер Сити е заинтересиран за Феран Торес, а денес медиумите веќе пишуваат дека е постигнат конечен договор.

Имено, „граѓаните“ за младиот и перспективен фудбалер на Валенсија ќе платат 25 милиони евра, а во договорот ќе бидат вклучени и одредени бонуси.

Валенсија за играчот бараше 40 милиони евра, но се верува дека по настојување на самиот фудбалер е прифатена понудата на Сити која би можела да достигне и до 40 милиони евра, но само ако бидат исполнети одредени услови.