Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Европскиот фудбалски пазар и понатаму е исклучително активен, а најмногу се троши во англиската Премиер лига. Тотенхем продолжува со големите инвестиции и може да потроши околу 450 милиони евра, додека Манчестер Сити договара зделки вредни стотици милиони евра.
Манчестер Сити влезе во трката за Коди Гакпо, објави Фабрицио Романо. Сити денеска контактира со претставниците на 27-годишниот холандски напаѓач од Ливерпул и преговорите започнаа. За Гакпо веќе е сериозно заинтересиран и Тотенхем, кој уште во јули вербално ги договори личните услови со играчот.
Ливерпул засега не сака да го пушти Гакпо освен ако пред крајот на трансферниот период не донесе два нови крилни напаѓачи. Првата цел е Бредли Баркола од ПСЖ, а Ливерпул работи и на Јанкуби Минте од Брајтон. Одлуката на Гакпо така нема да зависи само од понудата на Сити или Тотенхем, туку и од тоа дали Ливерпул во следните осум дена ќе успее да ги заврши планираните засилувања во нападот. Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 60 милиони евра.
















