„Скај Спортс“ го откри името на менаџерот кој ќе го наследи Покетино во Тотенхем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многумина останаа изненадени со одлуката на Тотенхем да го отпушти Маурисио Покетино во текот на денешниот ден.

ДАниел Леви истакна дека одлуката да му врачат отказ на тренерот кој го донесе клубот до финалето во Лигата на шампионите била тешка, но била во полза на клубот.

Сега се поставува прашањето кој ќе го наследи одличниот аргентински стратег на жешкото столче во Тотенхем.

„Скај Спортс“ пренесува дека Жозе Мурињо е сериозен кандидат за менаџерската позиција во клубот. Овој медиум неодамна изјави дека Мурињо посакува да остане да работи во Англија, па веројатно тој ќе биде и првиот стратег кој ќе биде интервјуиран, и со кој веројатно ќе се потпише и договор.