Снегот не е проблем: Федерер покажа како се тренира во домашна изолација


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сè уште не е познато кога сезоната на тенисот ќе продолжи, а одржувањето на Вимблдон е под знак прашалник.

Поради пандемијата на коронавирус, веќе е откажан еден гренд слем турнир, а тоа е Ролан Гарос.

Сезоната е прекината до крајот на јуни и прашање е дали ќе го гледаме легендарниот Вимблдон оваа година.

Тенисерите ја искористија оваа пауза за да се дружат со своите семејства, но и во карантин некако да најдат начин да го земат рекетот во рака само за да го задржат чувството за играње.

Легендарниот Роџер Федерер покажа дека тренира дома, па дури и снегот не му предизвикува проблеми при удирањето на топчето во ѕидот.