Снимка од инцидентот: Грин го нокаутира Пул со бокс (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


НБА тимовите се подготвуваат за новата сезона во најсилната кошаркарска лига, а во текот на последните подготовки се случи и инцидент на тренингот на Голден Стејт Вориорс.

Американските медиуми објавија дека Дрејомнд Грин го нокаутирал неговиот колега Џордан Пол, а вчера се појави снимка на социјалните мрежи од инцидентот.

„ТМЗ“ објави дека Грин и Пул имаат караница, по што помладиот колега го турна Грин, а тој му возврати жестоко со бокс и го нокаутира.

Грин се извини поради неговиот потег и инцидентот, но сепак ќе добие казна од страна на клубот.

„Вакви работи се случуваат. На никого не му се допаѓа, но сепак Грин се извини по инцидентот“, соопштија од клубот.