Снимка од прво лице: Го навредуваше Виера, па доби клоца од поранешниот фудбалер (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Евертон обезбеди опстанок во Премиерлигата со победата од 3-2 против Кристал Палас по пресврт, а мечот беше прекинат во 85. минута кога навивачите влетаа на теренот по голот на Доминик Калверт-Луин.

Прекинот траеше неколку минути, по што судијата го продолжи мечот за дополнителни седум минути, а потоа следеше нов хаос на теренот.

Тогаш речиси половина стадион се симна на тревникот и дел од навивачите го провоцираа тренерот на Кристал Палас, Патрик Виера, кој делуваше мирно.

Сепак, еден навивач претера со навредите, по што Виера ги загуби нервите и тргна да го тепа навивачите, по што му удри и една клоца.