Со емотивно писмо се огласи Емери по отказот од Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега веќе поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери веднаш се огласи во јавноста по неговиот отказ од клубот.

Шпанецот се задржа само 18 месеци на „Емирати“и не успеа да го крене клубот на ниво погоре и наместо тоа Арсенал уште повеќе се мачи отколку во времето на Венгер.

Емери со емотивно писмо се збогуваше со сите инволиврани во клубот. „До сите фанови, сакам да ви се заблагодарам од дното на моето срце што ми помогнавте да ја разберам и почувствувам големината на Арсенал.  Најмногу од се би сакал да постигнев подобри резултати за вас. Ниту еден ден не помина без да престанам да мислам колку бев среќен што работев за овој клуб со овие играчи“ –напиша Емери.