Соблекувалната на Барселона се изјасни дали да се врати Нејмар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не е исклучена можноста за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“ без оглед на тоа што постојат информации дека тој ќе потпише нов договор со ПСЖ.

Нејмар, наводно, се согласил на нов договор со парижаните до 2026 година, според кој ќе заработува 36 милиони евра годишно.

„Мундо Депортиво“ тврди дека соблекувалната на Барселона на чело со Лионел Меси едногласно го прифатила предлото за можност Нејмар да се врати и речиси сите во екипата сакаат Бразилецот повторно да го носи дресот на каталонскиот тим.

Нејмар би се преселил во Барселона само ако ПСЖ реши да купи некоја од каталонските ѕвезди, како што е Антоан Гризман, а не се исклучува ниту можноста за размена на фудбалери.

Нејмар играше за Барселона во период од 2013 до 2017 година и притоа освои два трофеи во Ла Лига, Лига на шампиони, Суперкуп на Европа, Светско клупско првенство, Суперкуп на Шпанија и трипати шпанскиот Куп.