Собрани се пари за Стерлинг да се врати дома!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот фудбалски репрезентативец може пред време да се врати дома од ЕП кое во овие денови се одржува во Франција.

Имено, незадоволни навивачи на Англија поткренаа кампања за собирање на пари за да се плати авионска карта во еден правец за овој фудбалер и тоа назад во Манчестер.

Крилниот фудбалер на Манчестер Сити очигледно многу ги изнервира навивачите на Англија кои не се задоволни со неговите партии во првите два меча и порачаа дека не додал ниту една добра топка:

„На сите ни е доста од гледањето на тој идиот кој трчка по тоа лево крило и не може да додаде ниту една добра топка. Одиме едноставно да го вратиме назад дома па не мораме да го гледаме како мал ветар го турка на тревата. Нека даде секој по нешто и ќе ги собериме“, рече еден од организаторита на оваа кампања.

Засега се собрани дури 558 фунти што е и повеќе од доволно за враќање дома на Стерлинг се потребни 200 фунти. Дали Стерлинг навистина ќе ги спакува куферите, останува да видиме…